Press "Enter" to skip to content

Гости од повеќе држави во хотел “Молика“ и најлуда прослава на Новата година во обновен објект (фотогалерија)

Хотел “Молика“ се наоѓа на Баба планина и Националниот парк Пелистер. Самата местополжба на хотелот опкружен со столетни моликови дрвја, по што го добил и името, овозможува преубав поглед кон планината, котлината и градот Битола. Хотел “Молика“ изграден пред 30 години, оваа година е обновен  целосно на радост на постојаните гости кои долги години тука ги поминуваа Новогодишните и Божикните празници, ја пречекуваат Новата година, а тука се и други гости намерници.Така и беше и деновиве, токму пред Новогодишните и Божикни празници хотел “Молика“ ги дочека своите гости во обновен објект, целосно реновирани соби, инфраструктура, нова тераса, лоби-бар, кујна, препознатливата планинска фасада…Голем број од гостите престојуваат со тридневен аранжман, или  викенд и прослава на Нова Година. Секако тука беа и битолчани кои одлучија во Новата година или „најлудата ноќ“ во годината да ја поминат со одлично друштво, убава музика, нов амбиент и прекрасно расположение.Расположениот персонал цела вечер му беше на располагање на хотелските гости и други гости кои дојдоа да го прослават тука влегувањето во Новата година, за што добија голем број на пофалби и упатени убави зборови.Се играше, пееше, забавуваше до раните утрински часови. За весела атмосфера беа заслужни  бенд  “Бон Тон“ и Маринела.Прославите на Нова година во хотел “Молика“ на Пелистер потсетуваат не некое убаво време, кога играа заедно сите гости и персоналот.Имаше и богата лотарија, која ги израдува сите, бидејќи се смета ако добиеш на 1 јануари ќе те прати среќа цела година. Затоа и добитниците беа среќни што ја започнуваат година најсреќни. -Хотелот е полн, сите соби се издадени за викендот и понатаму. Имаме гости од цела Македонија и други држави од регионот. После период кога неколку месеци објектот беше затворен заради реконструкција на хотелот. Но токму сега за празниците сме потполно подготвени на радост на гостите, на битолчани кои ни се редовни гости во викендите и другите денови, ни кажаа од хотел “Молика“ кои со позитивна енегија, весело и покрај својата работа, се забавуваа и ја дочекаа Новата 2024 во ведро расположение.

Ж. Ристевска