Градоначалникот на Oпштина Битола, Тони Коњановски, денес на 1 јануари 2014 година, го посети гинеколошко – акушерското одделение во Клиничката болница во Битола, каде во првото јануарско утро од оваа година, се роди првото женско Илина, во 2 часот и 7 минути во ЈЗУ Клиничка болница во Битола.
Мајката ја донесе Илина на свет во 2:07 часот, после полноќ, а во одделението за гинекологија се родија уште две машки бебиња, на кои пригодни подароци им додели градоначалникот Тони Коњановски.
Заедно со градоначаликот, како домаќини, беа дежурните доктори Никола Велјановски и Маја Аврамовска, началничката прим. д-р Елизабета Чипуровска и директорката на болницата, д-р Елизабета Ивановска.
Д-р Елизабета Ивановска го информира градоначалникот и за тоа како поминала новогодишната ноќ, без дополнителни ангажирања на одделенијата и ургентното одделение, или како рече вообичаена ноќ.
Со најубави желби, градоначалникот Коњановски им ја честиташе приновата на родителите, подарувајќи им вредносен ваучер на родилките и подароци за новороденчињата, при што рече:
-Денес сме тука со колегите од мојата професија, каде што присуствуваме на убав чин, каде во име на граѓаните и на општина Битола да поделиме скромни подароци за новороденчињата. Битола ја доби Илина, убаво женско име кое ќе го краси градот, честитки за родителите, а по Илина се родија и две машки бебиња. Добро здравје и успеси за сите, а болницата да расне со нов персонал, рече градоначалникот Коњановски.
Директорката на Клиничка болница, д-р Елизабета Ивановска, која исто така им додели подароци на новороденчињата во име на болницата, рече:
-Во првиот ден во 2024 година, честитки до мајката, бебето да е здраво и живо, да расте во бериќет со своето семејство. На персоналот кој одговорно работеше во Новата година, честитки и само успеси. Не само на одделението за гинекологија туку и на сите одделенија, каде што работеа дежурните екипи.

Градоначалникот Коњановски со подароци за новородените во Клиничката болница (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер со реми се враќа од Гостивар, постигна три гола против Арсими
- Томас Спасе Трпчевски, 17 годишен фудбалер во Мелбурн, Австралија: од Мелбурн преку Битола и Белград до европски клуб (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 11 степени
- Денес е Свети Климент, патрон на македонската православна црква
- Фото вест: пред десет дена поставен, викендов скршен кошот кај “Областа“, нема крај на вандализмот во Битола





