Press "Enter" to skip to content

Градоначалникот на Битола во посета на болница “Плодност“, подароци за родилките во новата година (фотогалерија)

-Само десет минути по полноќ, во болницата “Плодност“ во Битола на свет дојде женско новороденче, Антониа.

-Изминатата 2023 година во “Плодност“ се родија 833 бебиња, прим. д-р Таше Трчевски оваа година очекува четворицифрени бројки.Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски ја посети приватната болница „Плодност“, каде првото женско новороденче во 2024 година се роди во 00.10 часот и се вика Антониа. Градоналачалникот ги посети мајките и нивните новороденчиња при што им подели и соодветни подароци.-Чест и задоволство е да се биде во болницата „Плодност“, ја имаме Антониа, женско првородено бебе и уште едно, Матео, така што годинава, како што беше и во Клиничката болница, ќе биде плодна, женска. Посакувам успех, здравје, пред се на родителите и на корисниците на услугите на оваа институција, на персоналот успеси во иднина и во иднина да се среќаваме само за убави работи, посочи градоначалникот Тони Коњановски при посетата на болницата “Плодност“.Директорот и сопственик на болница “Плодност“, д-р Таше Трпчевски, рече:-Првото бебе е женско, породено во 00.10 часот на мајка од Битола, а второто новороденче е машко, макјата е од Прилеп. Во тек се уште две спонтани породувања, кои што ќе се завршат за многу брзо време. Со оглед дека имаме и три новороденчиња од вчерашниот ден, вкупната бројка денес ни е 7 бебиња.Со оглед на тоа што денес се 4 новороденчиња, а минатата беа 833, очекувам четири цифрена бројка на новородени во оваа година, рече Трпчевски.

More from ВестиMore posts in Вести »