Press "Enter" to skip to content

Совети од писхолог: вистинската среќа доаѓа кога ќе го дадеш најдоброто од себе

Со  Новата година ние сите се чувствуваме како пред еден голем почеток на надежи, желби, промени и исполнување на среќата која толку ја посакуваме. Но би требало да знаеме дека  среќата и да дојде треба правилно да ги искористиме своите можности и потенцијали и ментално добро се справиме со предизвикот кој ни претстои. Затоа

Не губете време со

Токсични личности : Било тие да Ви се пријатели од детството или од фамилијата. Никој не заслужува да ве разочарува. Никој не заслужува да се чувствува неубаво.

Удоволување на луѓето: Не мора секој да ве сака. Дозволено да одбиеш помош, да побараш одговор, твое е да одлучуваш за твоето време.(текст за Удоволување во рубрика совети) –       

-Чувство на постојана вина : Не се извинив? Не направив како што реков? …

Во ред е Ти си доволно добар. Не се напаѓај себеси. Не е добро.

Споредување на себеси со другите: Ти се различна личност на различно животно патување. Затоа биди свој, имај свој живот. Не мешај глава 1 со на некој глава 52 од книгата на животот.

Перфекционозам : Па што ако не го направи добро? Не мора се да се направи перфектно. И неперфектно изведена акција е секогаш подобро од никаква акција.

Преправање : Биди свој. Не мора да бидеш како другите за да те сакаат. Има многу луѓе кои ќе те сакаат само за тебе. Оди пронајдди ги.

Себесожалување: Да, понекогаш нешто не е фер во животот… Но, себесожалувањето нема да промени нешто. Размисли што можеш да направиш за да биде подобро?

Лоши содржини : Гледање на работи кои те прават да се чувствуваш лошо. Тажни песни, негативни вести…Верувале или не, тие влијаат или ќе се појават  во твојата потсвест.

Вистинската среќа доаѓа кога ќе го дедеш најдоброто од себе.

  • Не мора да да му се објаснуваш себеси на никој. Започни да живееш за себе, никогаш не живеј за да ги за да ги импресионираш другите.
  • Комфорната зона може да го уништи твојот живот. Животот започнува на крајот од комфорната зона.
  • Среќата не доаѓа од спиење, релаксирање и губење време на социјалните мрежи.
  • Жиотот е премног краток за да бидеш лут, и да се одмаздуваш на оние кои ти наштетиле. Пуштете ги.
  • Никогаш не е рано или доцна за да ги направиш работите кои секогаш си сакал да ги направиш.
  • На никој не му е гајле, освен ако со богат, убав и популарен, (барем не засекогаш).
  • Оние кои читаат се лидери.Не престанувај да читаш.
  • Без оглед кокку се трудиме , некои ситуации не се никогаш под наша конрола.
  • Не верувај во се што ќе слушнеш или видиш. Биди љубопитен за да прашаш
  • Не е потребно или значајно да знаеш кој те сака, кој не те сака. Важно е како се гледаш себеси
More from СоветиMore posts in Совети »