Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: продолжуваме со реализација на нови проекти за приоритетите на граѓаните

Со почетокот на Новата година, Општина Битола, продолжува со посветена работа преку дореализација на започнатите проекти и подготовка за отпочнување на нови проекти кои произлегуваат од приоритетите на граѓаните, согласно усвоените Програми и средствата планирани во општинскиот Буџет.

Планираните активности, вклучуваат:

-Реконструкција на коловоз на улица „8-ми Септември“ (влез од страна на Скопје)

-Изградба на коловоз и инфраструктура на улица кај Дулие (ЛИДЛ и БЛИС)

-Изградба на три нови паркинг простори зад „Декорпод“, на улица „Романија“ и „Ат Пазар“

-Изградба на нови спортски игралишта во Брусничка населба и ОУ Елпида Караманди

-Реконструкција на коловоз на улица „Булевар 1-ви Мај“ (од Црн Мост до  улица Столарска)

-Проектирање и реконструкција на патна инфраструктура во урбаниот и руралниот дел на општината

-Ставање во функција на електронска наплата на данок на имот и интегриран ГИС систем и систем за електронски постапки

Покрај наведеното, продолжува поддршката на спортот, културните настани, социјалната заштита, животната средина и многу други проекти, чија реализација ќе ги промени и подобри условите во општината.

More from ВестиMore posts in Вести »