Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: две приведувања – за петарди и физички напад на полицајци, физички напад, каснување од куче скитник

На 02.01.2024 година полициски службеници од СВР Битола  лишиле од слобода 60 годишник од Битола. Имено, при претрес на тезга во новиот пазар во Битола и во неговиот дом на ул. “Охридски“ во Битола пронајдени и одземени се над 200 парчиња петарди . Лицето е приведено во полициска станица Битола при што по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава по чл. 396 од КЗ.

На 03.01.2024 во 00.30 часот на ул. „Новачки Пат” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 34 годишник од Битола затоа што физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

На 02.01.2024 во 19.15 часот во СВР Битола, К.П. (65) од Битола пријавил дека кај место викано „касарната“ во Битола бил каснат од куче скитник.

На 02.01.2024 во 00.45 часот во Полициско одделение Новаци, Ж.З. (51) од с.Маково, општина Новаци, пријавила дека била физички нападната од лице од село Рапеш. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »