Денес, среда, 3 јануари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата во Битола до 10 степени.
Утре, четврток, 4 јануари, во Битола, времето ќе биде променливо облачно. Попладне можност за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен до југозападен правец. Температурата во Битола до 12 степени.