“MINT“ е тука за славење на сите нови почетоци, а тука сме и за поддршка на нашата растечка заедница, па така на 1-от ден од Новата 2024 бевме со подарок да ги пречекаме првите нови животи кој ќе станат членови и на нашето големо семејство.
MINT Ins им подари специјален ваучер на првите новородени бебиња во двете болници во нашиот сакан град Битола.
-Овие ваучери се повеќе од обичен подарок, тие ја симболизираат нашата посветеност на иднината на Битола и благосостојбата на нашите најмлади граѓани. Сметаме дека секој нов живот треба да се слави и поддржува уште од самиот почеток. На гордите родители, честитки, а овој ваучер е нашиот скромен начин да кажеме: „Добредојдовте во светот, малечки! Се надеваме дека ќе донесе дополнителна среќа на вашето ново патување на родителството, порачуваат од “MINT Ins“.
MINT ги слави новите почетоци, светлата иднина и трајниот дух на нашата заедница.
#MintFintechCares #WelcomeNewLife #BitolaBabies
[ngg src=”galleries” ids=”1815″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






