Press "Enter" to skip to content

Малколм Бернард го напушта Пелистер, заминува за Словенија

Екипата на КК Пелистер од Битола во зимската пауза останува без еден од најдборите свои кошаркари, Малколм Бернард, 29 годишниот Американец, по неколку месеци поминати во Битола.

Бернард својата кошаркарска кариера ќе ја продолжи во Словенија, а ќе игра за Хелиос Домжале. 

-Се известуваат фановите на КК Пелистер дека Американскиот интернационалец Малколм Бернард ги завршува настапите за нашиот тим и кариерата ќе ја продолжи во тимот на Хелиос Домжале од Словенија, кој исто така се натпреварува во АБА2 лигата. Тимот на Пелистер се заблагодарува за досегашната соработка и му посакува успеси во кариерата, стои во соопштението на кошаркарскиот клуб Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »