Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно, температурата до 10 степени

Денес, петок, 5 јануари, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно. Попладне облачноста ќе се зголеми. Преку денот ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 10 степени.

Утре, сабота, 6 јануари, во Битола времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Температурата во Битола до 14 степени.