Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: камчиња во жолчно ќесе

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за примена на ехото во дијагностицирање на камчиња во жолчно ќесе, за што вели:-Жолчното ќесе служи за резервоар на жолчниот сок кој се лачи после оброк кој содржи масти во црниот дроб, а се складира во жолчно ќесе помеѓу оброците. Во жолчно ќесе се ресорбира натриум, калциум, хлориди и 80%од водата на жолчниот сок со што доаѓа до концентрирање. Контракциите на жолчно ќесе се извршуваат под дејство на хормонот холецистокинин кој се лачи после обилни оброци на масти и јагленохидрати.

Холелитијазата или камењата во жолчно ќесе се јавуваат почесто кај жени, обезни, долготрајно користење на контрацептиви и бремени, генетска предиспозициј има улога истотака.

Постојат холестерински калкули кои содржат холестеролски анхидриди и липиди  и калциумски калкули на ултрасонографија (ехо на абдомен) се презентираат како хиперехогени формации со “акустични сенки“ и мобилни при движење на пациентот за разлика од полипите кои се фиксни за ѕидот од жолчно ќесе немаат “акустични сенки“.

Лекувањето е со примена на дадени медикаменти, во редукција на внес на мрсна пржена храна и редукција на млечни продукти, а во потешки и чести напади на билијарна колика и холециститис и оперативно лекување со класична или лапароскопска холецистектомија.