Press "Enter" to skip to content

Со Бадникова поворка по Широк Сокак најавено Христовото раѓање во Битола (видеа-фотогалерија)

И оваа година во Битола се одржа Бадниковта поворка, на која учествуваа стотици деца од Битола, кои ја пееја божикната песна “Вечниот бог“ и носеа ѕвезди кои сами ги изработија, навестувајќи ја Божикната ноќ кога е роден Исус Христос. Бадниковата поворка започна кај Офицерски дом во Битола када на платото беше испеана песната “Вечниот бог“.

Потоа Бадниковата поворка започна да се движи од Офицерскиот дом, за преку Широк Сокак да стигне до црквата “Св. велокомаченик Димитрија“.На плоштадот “Магнолија“ децата уште еднаш ја испеаја песната “Вечниот Бог“, а еден од организаторите Кире Божиновски рече:-Ви благодарами вам деца, кои се собравте во голем број, кој заедно ја направивме оваа Бадникова поворка, со која го најавивме Христовото раѓање. Ова го правиме сите од срце, за нашиот Бог, Исус Христос. Им благодариме на сите родители кои одвоија време и заедно со децата се тука со нас, а им благодараме и на сите помагатели, кои помогнаа ова вака да изгледа. Ве повикуваме сите во храмот “Св. Димитрија Велокоаченик“ за да им дадеме мали подароци на дечињата. Ви благодариме уште еднаш, што во голем број сме заедно, да ја пееме “Вечниот бог“, а до година да бидеме во уште поголем број и погласно да ја испееме песната.

Во соборниот храм “Св. Великомаченик Димитриј“ свештениците ги примија дечињата кои уште неколку пати ја испеаја песната “Вечниот бог“, а на дечињата им рекоа:-Ви благодариме на сите кои денес го исполнивте храмот и ја испеавме Божикната песна, и сакам да ви кажам дека вие, дечињата, најдобро го најавивте Христовото раѓање, со носење на ѕвездите, кои ја симболизираат Божикната ноќ, која е пред нас, кога е роден нашиот Бог. Свештениците на сите дечиња во Божикната поворка му подарија новогодишни пакетчиња.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »