Press "Enter" to skip to content

Владо Јаневски и овој Божик ги забавуваше гостите во ресторан на хотел “Епинал“ (видео + фотогалерија)

-“Црно Тиквешко“, “Еден бакнеж и магија се стори…“, “Дома си е дома“, “И тогаш некоја будала“, “Чаирска романтика“, “Златни години“ последна песна од Мак фест 2023. Во Новата 2024 година ги пееше Владо Јаневски, боемски, во свој стил  на својот Божикен настап. Евергини со  кои ги разнежи битолчани на еден од најубавите празници Божик.Божикните празниците  кои дојдоа донесоа радост кај сите. Време на прослави, забави кога се собираат сите од семејството, другарите, пријателите… Магијата на Божикните празници го прават своето и се е убаво. Така беше насекаде низ рестораните и кафулињата низ Битола. Некои од „на кафе“ на божикен ручек дома, некои во ресторани. Во ресторанот на хотел “Епинал“ преполно со гости кои се забавуваа на Божикниот настап со македонскиот пејач Владо Јаневски. Оние кои резервираа имаа можност да уживаат во неговите хитови од кои  голем дел се евергрини во македонската забавна музика.  Неговиот прв настап беше во текот на денот попладне. После пауза вториот негов настап во вечерните часови после 21 часот.За забавата и Божикниот настап на Владо Јаневски менаџерот на ресторанот на “Епинал“ Дарко Соколовски, изјави:-Ресторан на хотел “Епинал“ е познат по добрите забави на кои гостите ги забавуваат реномирани естрадни  уметници. Така продолжуваме и во оваа 2024 година. Во овој зимски период тука во ресторанот, а во летната сезона забавите се на терасата. Се разбира прва забава Божикен настап на единстевнипот Владо Јаневски кој е повторно тука, после настапот кој го имаше и минатиот Божик. Минатиот Божик гостите кои присуствуваа на неговиот беа воодушевени. Затоа и овој Божик повторно забава со Владо Јаневски. Се надеваме да стане традиција овој т.н. Божиќен настап, бидејќи според тоа кои хитови, балади ги има во својот репертоар тие потполно се вклопуваат во свечениот амбиент кои владее за време на празниците. И оваа година откако објавивме за неговиот настап, картите и масите се распродадоа експресно и се бараа резервации и место повеќе. Ова е период кога има гости кои живеат во други градови, држави, а доаѓаат за време на празниците во својот роден град, затоа и голем дел се тука денес.

Во ова се уверивме во разговор со некои од гостите. Тања Вагнер со сопругот  Димче живеат во  Германија, но за време на празниците доаѓаат во Битола и ни рекоа:-Дојдовме да се видиме со родителите на сопругот, од тука продолжуваме на ручек кај нив. Но, мора да се видиме и со нашите пријатели тука. Со чаша вино и добра песна да си честитаме здравје, среќа и берикет во Новата 2024 година.Јулијана Здравковска која живее и работи во Переја, соседна Грција низ убаво расположение со своето  друштво кажа:-Минатиот Божик исто така бевме тука и си поминавме преубаво. Оваа година повторно резервиравме уште пред празниците, за да дојдеме на сигурно. Еве денес тргнавме од Солун порано и стигнавме околу 12 часот кога и започна забавата Во оваа прилика убаво си поминавме со нашите најблиски, бидејќи овој празник е да се видиш со најблиските, затоа и сето ова го доживеав многу емотивно. После завршувањето заминуваме сите на свои страни за жал, но не чекаат работни обврски.Голем дел од присутните се постојани гости на забавите во ресторан на хотел “Епинал“, како ни рекоа од ресторанот, што значи  убаво си поминуваат, а забавите на кои има одлично расположение, им оставиле убави спомени, особено за време на празниците.

Ж. Ристевска