Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: со огнена топка запален коледарскиот оган во Битола (фото)

-Пред 10 години, во Битола на Коледе, во 2014 година, на градскиот плоштад “Гоце Делчев“, поточна на паркингот, во организација на локалната самоуправа и тогашниот градоначалник Владимир Талески, беше запален, тогаш, традиционалниот, коледарски оган, како што налага традицијата, симболот на божјата светлина, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство. Како и во изминатите години, така и во таа 2014 година на плоштадот, покрај голениот коледарски оган, кој беше запаелн со спуштање на голема огнена топка, од покривот на Центарот за култура во Битола, имаше голем број битолчани, кои го прославија големиот христијански празник Коледе, а за сите нив кои присуствуваа на коледарскиот оган, локалната самоуправа подготви храна и пијалоци, како и забавна програма.Сега нема палење на голем оган на плоштад, поради екологостите и свештениците, а мали малски огнови се палат за Коледе насекаде низ градот, додава Миновски.

 

More from ВестиMore posts in Вести »