Press "Enter" to skip to content

Утрово, по повод Божик, света Божествена литургија во црквата “Света Недела“ во Битола (фотогалерија)

Првиот ден по Христовото раѓање, Божик, недела, 7 јануари, 2024 година, во црквата “Света Недела“ во Битола, свештениците Отец Пенчо и ѓаконот Александар, одржаа света Божествена литургија.Посебна радост за свештениците и за верниците беше тоа што на Светата литургија присуствуваа голем број на верници, посебно млада популација, кои кои претежно живеат во овој дел на градот, а и присутни беа и други кои беа дојдени во црквата од другите делови на Битола.-Христос се родил во пештера, во Витлеем! Таа пештера не е убав трем, а не е ниту амбар или житница, такво нешто може да биде само сон на фантазерите и играчка за малите дечиња, но не и пештера во која се родил Христос. Вистинската пештера, била дом на животните, древна бедна пештера во сиромашните земји, и не била градба со столбови и капители, налик на раскошен амбар наменет за децата на бадниковата вечер.Ѓаконот Александар го прочита пред присутните и Посланието на Владиката Петар, каде беа посочени актуелните проблеми на денешницата, а тука беше речено за работите кои не одвраќаат од Верата, а тоа се прави на разни начини.Отец Пенчо ја кажа и молитвата за Светата Причест, а потоа со причесна ги послужија верниците кои ги одржаа Божиките пости. На крајот од службата присутните беа послужени и со нафора, за нивно здравје и на нивните блиски.-Денес е голем ден, го славиме Христовото раѓање. Јас сум тука редовно во црквата, па и сега кога е голем празник, ја слушам литургијата, а се и во наредните денови ќе доаѓам. Нека дојдат сите, нека не седат дома, нека дојдат во црките, да слушаат литургии и да се помолат за прво за здравје на сите и за спасение на сите, ни рече чичко Благој од “Стрелиште“.Богослужби во црквата “Света Недела“ ќе се изведуваат и наредните денови, а свештениците ги поканија верниците да присуствуваат на сите, за заедно да го слават Христовото раѓање.На верниците, свештениците им порачаа дека на овие денови се слави Христовото раѓање, а не смрта и воскреснувањето, па затоа не треба да се посетуваат гробовите на мртвите. Но, најголем број на битолчани денес се упатија кон гробовите на своите најблиски.Верниците кои за куќна слава го имаат Божик по завршувањето на Службата “кренаа лепче“ за здравје.

Текст и фото: С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »