Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: во 2024 обидете се, променете го размислувањето кое води до несреќен живот

На почетокот на новата година што доаѓа често носиме одлуки за промени на себе. За подобра емоционална состојба, комуникација со другите и задоволство со себе,поставете си реални цели кои можете да ги достигнете. Но исто така  би требало да знаете дека постојат грешки во нашето размислување кои не водат до  социјална анксиозност и други емоционални тешкотии, а понекогаш и до депресивност. Затоа,

Променето го размислувањето кое може да ве води до несреќен живот

Еве некои препораки. 

-И сега сите мислат, дека испаднав глуп, смотан, искористен…Што  значи –  Претпоставувате дека знаете како другите луѓе размислуваат без реални  докази или ЧИТАЊЕ НА МИСЛИТЕ НА ДРУГИТЕ 

-Не е важно што тој тргна без жмигавец, до судар немаше да дојде бидејќи не бев сконцентриран“. Што занчи:  Си ја припишувате на себе целата вина, а не гледате дека и другите носат свој дел на одговорност. Или ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА 

-Да не ме изнервираше овој или оној, или да не беше … сигурно ќе беше поинаку… Што значи : ОКРИВУВАЊЕ : Мислите дека другите луѓе се „виновни“ за вашите емоции, односно кај вас, предизвикуваат негативни чувства, наместо да превземете одговорност за својот живот.

-Сите мои пријатели…постигнаа многу повеќе во животот Или другите имаат подобро работно место, живеат во странство… подобро од мене… Што значи СПОРЕДУВАЊЕ –  се споредувате со луѓето кои се во нешто подобри од вас, а ги игнорирате оние кои се полоши.(Социјалните мрежи уште повеќе го поттикнуваат споредувањето со другите и може понекогаш да предизвикуваат непријатни чувства)

-Ако работата не ја направиш совршено, подобро и да не си ја започнувал.“ Тоа е т.н. ЦРНО БЕЛО МИСЛЕЊЕ : Тенденција да се мисли по принцип СЕ или НИШТО.

-Очекување дека после еден, пораз, раскин на врска, паѓање на испит, не ве примиле на работно место… Тоа ќе се повторува или следи што доведува до „Научена беспомошност“ (види објава во совети на оваа тема) Тоа значи ГЕНЕРАЛИЗАЦИЈА  – подразбирате дека постојано ќе се случува нешто лошо на крај, ќе се повторуваат лоши исходи на крај.

-Никогаш нема да…ме примат на ова работно место“. Што значи КАТАСРОФИРАЊЕ – Очекувате најлош можен исход Никогаш нема…тука се многу работи за кои размислувате на овој начин.. ТРЕБА И МОРА –  Уверувања дека знаете како „треба“ работите да бидат, наместо да ги прифаќате такви како што се.

-Тој требаше да ме повика за да одиме заедно некаде… ЖАЛЕЊЕ –  Размислување за тоа што можевте во минатото да направите подобро, наместо да се фокусирате на она што сега го правите.

ШТО АКО ?-  Ако секоја мисла ја завршувате со ШТО АКО ?

-Добро, но што ако не успее? Што ако не ми се јави?… Првиот чекор е да се открие погрешниот начин на размислување, а потоа да се промени во корисен начин на размислување. Како последица на овие промени се менува и емоционалнаа состојба на личноста.