Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер ги започна зимските подготовки во Битола (фотогалерија)

Денес попладне во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола екипата на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за вториот дел од сезоната.По првата прозивка на која недостигаа репрезентативците на Македонија, и оние странците кои настапуваат за своите репрезентации старо-новиот тренер на екипата Бранислав Ангеловски ракометарите го одработија првиот тренинг.-Ви ги честитам Новогодишните и Божикните празници бидејќи ова ни е прва средба со вас и пред се Ви посакувам добро здравје и сезона без повреди. Не очекуваат сериозни натпревари за да ја одбраниме титулата и да дојдеме и до големиот пехар во Купот. Иако не сме комплетни, ќе работиме без репрезентативците, некаде до 1 февруари, но мораме да се подготвиме што подобро за стартот на сезонаната, рече Англеловски на денешната прозивка.Инаку, на првиот тренинг беа Танковски, Тајник, Атанасијевиќ, Петровиќ, Сери и Ѓоргиевски. Девет репрезентативци од Еурофарм Пелистер се дел од Европското првенство, а Калифа Гедбан се подготвува за Африканскиот Куп на нации. Тие ќе се приклучат кон подготовките по завршувањето на континентналните натпреварувања.Екипата деновиве ќе тренира во спортската сала „Боро Чурлевски“, а по комплетирањето предвидени се неколку контролни натпревари. Разигрувањето за титулата почнува во втората недела од февруари 2024 година.

More from ВестиMore posts in Вести »