Press "Enter" to skip to content

Фудбалерите на Пелистер ги започнаа подготовките во Битола, целта иста, пласман во Првата лига (фотогалерија)

Фудбалерите на Пелистер денес во Битола, под Тумбекафе ги започнаа подготовките за пролетниот дел од оваа фудбалска сезона, а како беше кажано на денешната прозивка, целта е јасна и иста, враќање во Првата фудбалска лига. На првата прозивка оваа година на фудбалерите им се обрати тренерот на Пелистер, Влатко Костов кој им посака среќна нога година и успех во оваа сезона, а отсуствуваа капитенот Љамшевски и повредените Размовски и Пановски.-Сакам прво на сите да ви честитам празниците и да ви посакам добро здравје и на крај сите да се радуваме на успех, а тоа е остварување на целта, пласман во Првата лига. Сакам најпрво да ги поздравиме новите фудбалери во тимот на Пелистер и да им посакаме добредојде, рече Костов, а потоа им го кажа и планот за подготовки на екипата. Претседателот на Пелистер, Митко Стојковски во име на Управата на клубот рече:-Прво на новајлитите им посакувам шро подобро прилагодување во новата средина и да ни помогна во целта која ја имаме оваа година, а тоа е пласман во Првата лига, директно без играње на бараж. Во овој подготвителен период кој ни престои треба што подобро да се подготвиме, а тоа да биде вовед во тоа што ни престои. Имаме доволно квалитет и потенцијал во тимот да стигнеме со тоа второ место, а по можност ако ни се укаже и до прво место. Во таа насока и треба да размислуваме, а за да дојдеме до таа цел ќе мора што подобро да се подготвиме, како физички така и физички. Кон целта да се движиме од натпревар во натпревар, од коло во коло, во континуитет, без притисок. За жал во есенскиот дел имавме некои грешки каде изгубивме значајни бодови, а тоа оваа пролет не треба да се повтори.Тони Мицевски, член на Управниот одбор на Пелистер на фудбалерите им порача:-Сакам да кажам кратко, мора да ја сфатиме работата сериозно и да се посветиме стопроценти во таа наша цел. Ако не сфатиме дека мора да “влеземе“ во Прва лига, тогаш бадијала сме тука, и ние како Управа и вие како фудбалери и секако и стручниот штаб. Целта е јасна, а ние сите треба заедно да најдеме начин како да стигнеме до целта. На официјалниот дел на стартот на подготовките за пролетниот дел од првенството, шефот на стручниот штаб Влатко Костов рече дека по подготовките во Битола кои ќе бидат до 26 јануари, кога се очекува да заминат во Охрид, каде според динамиката на подготовките ќе одиграат и пријателски натпревари во рамките на втората фаза од подготовките. По прозивката и првиот работен состанок Костов и Вангел Алтипармаковски на “Кумурното“ игралиште го одржаа и првиот тренинг. 

More from ВестиMore posts in Вести »