Денес попладне во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола екипата на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за вториот дел од сезоната.
По првата прозивка на која недостигаа репрезентативците на Македонија, и оние странците кои настапуваат за своите репрезентации старо-новиот тренер на екипата Бранислав Ангеловски ракометарите го одработија првиот тренинг.
-Ви ги честитам Новогодишните и Божикните празници бидејќи ова ни е прва средба со вас и пред се Ви посакувам добро здравје и сезона без повреди. Не очекуваат сериозни натпревари за да ја одбраниме титулата и да дојдеме и до големиот пехар во Купот. Иако не сме комплетни, ќе работиме без репрезентативците, некаде до 1 февруари, но мораме да се подготвиме што подобро за стартот на сезонаната, рече Англеловски на денешната прозивка.
Инаку, на првиот тренинг беа Танковски, Тајник, Атанасијевиќ, Петровиќ, Сери и Ѓоргиевски. Девет репрезентативци од Еурофарм Пелистер се дел од Европското првенство, а Калифа Гедбан се подготвува за Африканскиот Куп на нации. Тие ќе се приклучат кон подготовките по завршувањето на континентналните натпреварувања.
Екипата деновиве ќе тренира во спортската сала „Боро Чурлевски“, а по комплетирањето предвидени се неколку контролни натпревари. Разигрувањето за титулата почнува во втората недела од февруари 2024 година.

Еурофарм Пелистер ги започна зимските подготовки во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес во 15:46 часот календарски започнува пролетта
- Општина Битола: јавен повик за волонтерски акции
- СВР Битола: 71 годишник физички нападнат, битолчанец физички нападнат од повеќе лица
- Верниците од муслиманска вероисповед од Битола со утринска-бајрамска молитва за Рамазан Бајрам
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 12 степени
More from СпортMore posts in Спорт »
- Младинците на Еурофарм Пелистер подготвени за младинската Лига на шампиони, прв испит данскиот Алборг
- Пријателски натпревар на младинците на Еурофарм Пелистер и врсниците од Охајо во Битола (фотогалерија)
- Пелистер со нова победа, во Битола никој не победува во 2026 (фотогалерија)
- Пелистер одигра реми против Силекс во Кратово
- Кошаркарите со порака: победа над Гостивар како императив










