Екипата на суперигашот Еурофарм Пелистер 2 од Битола вчера во салата “Боро Чурлевски“ во Битола ги започна подготовките за пролетниот дел од оваа ракометна сезона, каде во продолжението на сезоната ќе настапува во плеј-аутот.
Тренерот на екипата Михаил Петровски денес официјално прозиваше во спортската сала „Боро Чурлевски“, а по прозивката го одработи и првиот тренинг, со истиот ростер со кој ја заврши групната фаза на Суперлигата, и со едно засилување а тоа е 18-годишниот десен бек Бојан Гичев, кој доаѓа од РК Овче Поле од Свети Николе.
Михаил Петровски на стартот на подготовките рече:
-Денес започнуваме со подготовките после три недели пауза, со новото засилување Бојан Гичев на позицијата десен бек, а сите други се тука. Иако малку неочекувано имаме проблем со повредени ракометари за овој период. Белистојановски се врати од репрезентација повреден, Дим0вски е повреден, а плус на сето ова имаме проблеми кој ни ги направи сезонскиот грип, кој за планот за подготовки и настапот во плеј-аутот додаде:
-Планот за подготовки е да се одвиваат во Битола, а ќе одиграме четири контролни натпревари кои се договорени, а ако најдеме заеднички термин со други екипи секако ќе прифатиме. Две ќе бидат со Еурофарм Пелистер две со Струга. Амбициите се јасни опстанок во Супер лигата, а според новиот план на РФМ оваа година ќе испаѓаат шест екипи. За да опстаниме треба да бидеме први или втори, а третиот ќе игра бараж. Нашите амбиции сега се да бидеме на првите две места, иако знаеме дека на стартот на сезоната се надевавме на плеј-офф, но заради една победа сме тука. Се надевам, а тоа и ќе го пренесам на ракометарит дека во плеј-аутот се одиграме професионално, со мотивација и на секој натпревар ќе одиме на победа.
Плеј-аутот официјално стартува во втората седмица од февруари 2024 година.

Еурофарм Пелистер 2 стартуваше со едно засилување и една цел опстанок во Супер лигата (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во поезијата на Љупчо Петровски, сега во Австралија, се чувствува носталгијата, но и гордоста што ја носи со себе
- Објавен конкурс за нови композиции, фестивал “Бисер на Јадранот” 2026, повик за пејачи, автори од Македонија
- СВР Битола: две лица приведени за марихуана, едниот е 16 годишник
- ЈП „Нискоградба“ партерно уредува зад зградата на СВР Битола
- Коњановски организира ифтарска вечер
More from СпортMore posts in Спорт »
- Младинците на Еурофарм Пелистер подготвени за младинската Лига на шампиони, прв испит данскиот Алборг
- Пријателски натпревар на младинците на Еурофарм Пелистер и врсниците од Охајо во Битола (фотогалерија)
- Пелистер со нова победа, во Битола никој не победува во 2026 (фотогалерија)
- Пелистер одигра реми против Силекс во Кратово
- Кошаркарите со порака: победа над Гостивар како императив










