Екипата на суперигашот Еурофарм Пелистер 2 од Битола вчера во салата “Боро Чурлевски“ во Битола ги започна подготовките за пролетниот дел од оваа ракометна сезона, каде во продолжението на сезоната ќе настапува во плеј-аутот. Тренерот на екипата Михаил Петровски денес официјално прозиваше во спортската сала „Боро Чурлевски“, а по прозивката го одработи и првиот тренинг, со истиот ростер со кој ја заврши групната фаза на Суперлигата, и со едно засилување а тоа е 18-годишниот десен бек Бојан Гичев, кој доаѓа од РК Овче Поле од Свети Николе.Михаил Петровски на стартот на подготовките рече:-Денес започнуваме со подготовките после три недели пауза, со новото засилување Бојан Гичев на позицијата десен бек, а сите други се тука. Иако малку неочекувано имаме проблем со повредени ракометари за овој период. Белистојановски се врати од репрезентација повреден, Дим0вски е повреден, а плус на сето ова имаме проблеми кој ни ги направи сезонскиот грип, кој за планот за подготовки и настапот во плеј-аутот додаде:-Планот за подготовки е да се одвиваат во Битола, а ќе одиграме четири контролни натпревари кои се договорени, а ако најдеме заеднички термин со други екипи секако ќе прифатиме. Две ќе бидат со Еурофарм Пелистер две со Струга. Амбициите се јасни опстанок во Супер лигата, а според новиот план на РФМ оваа година ќе испаѓаат шест екипи. За да опстаниме треба да бидеме први или втори, а третиот ќе игра бараж. Нашите амбиции сега се да бидеме на првите две места, иако знаеме дека на стартот на сезоната се надевавме на плеј-офф, но заради една победа сме тука. Се надевам, а тоа и ќе го пренесам на ракометарит дека во плеј-аутот се одиграме професионално, со мотивација и на секој натпревар ќе одиме на победа.Плеј-аутот официјално стартува во втората седмица од февруари 2024 година.
Еурофарм Пелистер 2 стартуваше со едно засилување и една цел опстанок во Супер лигата (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: кривични пријави за нова возачка дозвола, а старата му била одземена, за бесправно градење, малолетник каснат од куче скитник
- Започна продажбата на влезници за Лигата на Шампиони, прв гостин во Битола е Фуксе Берлин
- Што е корупција во нашата држава? Им пречи ли на младите или го следат трендот на „снаодливите“ во желбата за успех?
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 19 степени
- Дарија Крстевска од АК Олимп Битола доминира на Купот на Македонија за младинци
More from СпортMore posts in Спорт »
- Започна продажбата на влезници за Лигата на Шампиони, прв гостин во Битола е Фуксе Берлин
- Дарија Крстевска од АК Олимп Битола доминира на Купот на Македонија за младинци
- ФК Јени Маале со ВИП и обични влезници за купот против Шкендија
- Пелистер со реми против Струга, но може да жали за три бода во Битола (фотогалерија)
- Со повеќе млади ракометари Еурофарм Пелистер лесно ја победи Струга во Битола (фотогалерија)