Press "Enter" to skip to content

Жан Митрев Дијагностик Битола, 24 часовен мониторинг на артериски притисок (ABP холтер) и електрокардиограм (ECG холтер)

Зошто мерењето на крвниот притисок е клучна компонента на здравиот начин на живот? 

1.Рано откривање на здравствени ризици. Редовните мерења овозможуваат рано откривање на потенцијалните здравствени ризици, овозможувајќи навремена интервенција и превентивни мерки. 

2. Индикатор за здравјето на срцето.Следењето на промените во крвниот притисок помагаат да се процени силата на срцето и неговата способност да циркулира крв низ телото.

3. Управување со ризикот од кардиоваскуларни болести. Хипертензијата (високиот крвен притисок) е главен фактор на ризик за кардиоваскуларни болести, вклучувајќи срцев удар и мозочен удар. Следењето на крвниот притисок овозможува проактивно управување, намалувајќи го ризикот од сериозни компликации. 

4. Проценка на влијанието на животниот стил. Флуктуациите на крвниот притисок може да бидат под влијание на факторите на животниот стил како што се исхраната, вежбањето и стресот. Редовните мерења даваат повратни информации за потребата од промени во животниот стил. Редовното мерење на крвниот притисок не е само рутинска медицинска проверка.

24 часовен мониторинг на електрокардиограм (ECG холтер)

Овозможете континуирано снимање на срцевиот ритам со методата на ЕКГ холтер. 24-часовниот ЕКГ холтер мониторинг преставува дијагностичка процедура со која се врши континуиран мониторинг на работата на вашето срце во текот на 24 часадодека ги извршувате вашите секојдневни активности. Дијагностичката метода се поставува по индикација на лекар, по направен ехокардиографски преглед и вклучува: 

1. Поставување на специјална направа – холтер кој е поврзан со електроди позиционирани на телото. 

2. За време на мониторингот пациентот задолжително води и дневник во кој ги забележува сите активности (физичка активност, спиење, земање терапија итн.) 

3. По завршување на мониторингот (24 часа), се пристапува кон софтверска анализа на ЕКГ записот 

4. По обработка на податоците и читање од страна на лекар, се одредува терапија и понатамошен третман. 

Дознајте повеќе за дијагностичката процедура од нашиот тим:

Жан Митрев Дијагностик Битола,

телефони: +389 70 408 075, +389 47 266 633 и +389 47 266 631​.