Press "Enter" to skip to content

Ди-џеј Кекел со одбрана музика ги загреа битолчани во “Пајтон“

Синоќа во кафулето “Пајтон“ гостите, во петочната ладна вечер, имаа прилика да ги забавува преку пуштање музика Златко Самарџиев – Кекел.

Иако невообичаено за овој локал, сепак гостите слушаа музика со која ди-џеј Кекел ги “стопли“ во ладната вечер.

-Посебно се радувам кога ќе “украдам“ некој дел од скопските денови и ќе поминам во мојата Битола, па така и оваа вечер е дел од тие украдени денови за престој дома. Кафулето “Пајтон“ е култно место за Битола, па затоа имам ди-џеј листа на музика која одговара на местото и луѓето кои се вечерва тука, ни рече ди-џеј Кекел, кој додаде дека се надева дека гостите имале убава вечер, а Марио повторно ќе го побара.