Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: хиперпаратироидизам

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за хиперпаратироидизам, што е системско заболување кое настанува како последица на хронично зголемена секреција на паратхормон од паратироидните жлезди кои најчесто се 4 распоредени по 2 покрај секој лобус на тироидната жлезда. Основена улога на паратхормонот кој е полипептид е во одржување на баланс на калциумот и фосфорот во крвта преку цревна ресорпција и бубрежна филтрација и реапсорпција на калциум и фосфор.                                

Постојат етиолошки примарен хиперпаратироидизам поради аденом на паратироидни жлезди во 75%  од случаи, хиперплазија 25% и карцином 5%, додека секундарниот хиперпаратироидизам е поради зголемена продукција на ПТХ и хипертрофија на жлездата како последица на резистенција на дејство на ПТХ врз коски, бубрези црева и е поврзан со  диетален намален внес на Вит Д, нарушен метаболизам на вит Д, хронична бубрежна слабост, хипомагнеземија.

Клиничките манифестации на хиперпаратироидизмот се системски најчесто врз бубрезите и коските како нефролитијаза, нефрокалциноза и развој на ХБИ, цистични (крвавогнојни) промени на коските на череп, ребра, мандибула, заби прешлени, долги коски кои се безболни и настануваат спонтано фрактури поради остеопенија при минимални движења и оптоварување, како и развој на пептични и мултипли улкуси на ГИТ тракт, психози депресии и хипертензија, калцификација на кореја и некроза на кожа, таложење по синовија на зглобови на СPPD и атаки на псевдогихт.

Дијагнозата се поставува врз клинички манифестации, лабораториски промени висок калциум, ПТХ и низок фосфор во серум  кај примарниот хиперпаратироидизам додека од imaging техниките најголеми промени има МИБИ Скен на паратироидна, ехо преглед на паратироидна жлезда и најточно со МРИ или КТ на паратироидна жлезда.

Лекувањето е медикаментозна (диуретици, АСА, индометацин, кортико препарати) и хируршки третман.