Press "Enter" to skip to content

Борче Марковски од Битола, EHF мастер тренер во ракомет на Фарски острови, скандинаска држава на Атлантски океан: на Фарски острови, нема напнатост, се ужива во играта, но има и резултати (фотогалерија)

Жанета Ристевска

-Во клубовите на Фраските острови се игра скандинаввски ракомет. Тоа е една друга култура во однос на игра, тренинзи, навивање… Ракомет започнуваат да тренираат деца од свои 6,7  години. Во споредба со нашите кои започнуваат некаде на 12, 14 години. Само може да претпостваиме колку години имаат  пред нас, во однос на учење на игра. Но тоа го овозможуваат и условите кои се совршени : постојат многу спортски сали, затоплени, обавезно базен во секоја, опрема која ја имаат на располагање. После училиште се оди на тренинзи, а се тренира и до 6 часа.

-Во екипите се поставуваат јасни цели и очекувања, така да нема разочарувања. На крај на натпреварот публиката ги наградува и кога се победува, но и кога се губи. Нема вулгарни зборови… Свиркања, дофрлувања… Сето ова е одраз на висока свест и култура која ја има во сите сфери  на живеење, работа, образование.

-Кај нас одиме емотивно во се, на пример во игра, но и во навивање. Ако се губи заради нервоза има пцовки, вулгарности, навредливи зборови. Секогаш се бара виновник за поразот дали е тоа тренерот, дали играчи, или е тоа управа. Тоа веќе станува и се прифаќа како вообичаено и нормално. После доживеано разочарување како тренер, заминав без двоумење.

-Стекнатиот мастер ЕХФ титула за машки и женски ракомет, ми овозможи да станам тренер на ракометен клуб  на Фарски острови. Денес водам 2 ракометни клубови и сим предавач за пракса на Фарска Ракометна Академија на која тренираат над 60 талентирани деца на возраст 10, 12 и 14 години. Во Академијата се стекуваат со теоретски и практични предавања како да усовршат брз стил на игра, тоа е некои од интересните  моменти…и  се дел од разговорот со Борче Марковски EHF мастер тренер на женски и машки екипи во ракомет.Со своето искуство на работа и познавање на условите кај нас каде работеше како тренер до заминувањето во 2019 година, тој направи една интересна анализа. И тоа за многу теми како на пример живот и услови за работа на Фарските острови и кај нас.

-Не можеш, а да не направиш споредба…, започна, таму владее голем професионализам во се. На Фарските острови системот на работа во ракомет е пресликан од  данската ракометна федерација“. Тоа значи дека се игра скандинавски ракомет. Многу тренери од Данска работат тука.За ракометната  академија…

-Така во Ракометната академија вклушени сме јас од Македонија, по два тренери Фарани и од Данска. Деца започнуваат да тренираат ракомет од најмала возраст и тоа околу 6 години. Еве сега  60 талентирани деца женски и машки  тренираат редовно, во Академијата за ракомет, избрани од истите кои започнале на 6 години. Во академијата денес тренираат деца од 10, 12, при што ги насочуваме да играат побрз ракомет, да размислуваат како да не се губи време кога се води топката или топкање, туку за тоа време да се предвиди шутирање на гол. Или да појаснам  во техничка смисла, лош елемент е ако ја топкаме топката и губиме време за напад. Така да кажам низ теоретски и практични предавања ги тренираме како да размислуваат да играат брзо. На семинари предаваме теоретски полуконтра или напад со 15 девојчиња или момчиња.Мини ракомет…

-МИНИ ракомет претставува лига систем на натпревари на деца кои играат ракомет на  6,8,10, 12 години. Тое играат секоја сабота. Така на пример во сите градови и спортски сали за ракомет има натпревари од 8 часот наутро до 20 часот навечер. Потоа ден  недела им е слободен. Инволвирани се сите, родители, тренери, деца… Со добра оргазнизација  на тренинзите се постигнуваат успеси.  Родителите исто така се многу значајни, така да  тие се мотивирани и со ќеф ги носат своите деца на тренизни.Кога би споредиле дека кај нас се започнува  некаде на  12, 13 или 14 години, треба само да претпоставиме, колку години се пред нас во напредување. Кога доаѓаат на 18 години во ракометните клубови тие се веќе добро подготвени во однос на часови поминати во тренирање и дисциплиниран однос кон се. Организираниот начин на одбирање на талентирани деца придонесува да  голем број млади ракометари од Фарски острови  играат ракомет во познати европски ракометни клубови на пример во Киелце, Фуксел Берлин… Со тоа и се натпреваруваат во  Лига Шампиони и Супер лига. Можеби тука и треба да се бара причината зошто кај нас е таква каква што е ситуацијата. Бидејќи  како тренер во клубот на Кире Лазаров, односно школата КЛ7, кој работеше во Битола. Таму имавме 120 дечиња на мала возраст кои имаа желба да напредуваат. Во школата на КЛ директно бев вклучен во нивниот напредок и има  многу таленти кои зошто не би играле и надвор од Македонија, во познати клубови. Меѓу нив би го споменал и младиот Самоил Ристевски кој игра пикер во Еурофарм 2, но и многу други таленти.Висока свест и култура во спортот

-Ако го споредиме  менталитет во навивање, кај нас постои напната  атмосфера, ако се изгуби се бара виновник. Јас разбирам се, верни, страсни  фанови, но мора да ги согледаме реалните можности за постигнување резултати, а веќе зборував за причините претходно. За разлика од кај нас на Фарски острови, нема напнатост, се ужива во игра. Постои виска свест кај публика, спортска култура и навики. Почитување на луѓето помеѓу себе и воопшто е на многу високо ниво. И кога се победува и кога се губи се аплаудира. Тоа и произлегува што самите тимови поставуваат реални цели за таа сезона. И после неколку победени натпревари, поразот го прифаќаат како најнормален дел од играта. Следниот викенд се очекува дека ќе има повторно натпревар. Со еден збор нема некултурно однесување… Пцовки кон играчи, тренер или управа.После доживеано непријатно искуство како тренер во Битола, пцовки на мое име и семејството… добив понуда и заминав тренер на Фарски острови.

-Понуда добив после добро одигран  одлучувачки натпревар на македонската женска ракометна репрезентација со репрезентацијата на Фарски острови. Ние ги победивме и после натпреварот се запознав со Хатлур Лумарсен. Тој беше воодушевен од играта и после таа средба и контакт кој го направивме добив понуда  преку ракометната федерација на Фарски Острови,  да работам во првиот ракометен клуб на таа држава, Стиф. Тоа ми го овозможи и стекнатиот мастер тренерска титула во ЕХФ ракомет, но и моето искуство во спортот кој го имав, а се занимавам од најмала возраст.Продолжи за себе…

-Од секогаш го сакав спортот играв и ракомет и кошарка, сите ми кажуваа да се одлучам. Завршив Факултет за физичка култура во Скопје. Работев како  наставник по ФЗО во ОУ „Коле Канински“ Битола.  Потоа бев и тренер на повеќе екипи. Почнав  во женска екипа „Пелистер“ Битола, потоа во „Преспа Јафа“, „Жито Прилеп“ каде имав освоени многу домашни и првенства во странство. После усовршувањето и тоа на неколку семинари низ Европа, на крај одбранив и се здобив ЕХФ мастер диплома во Гетеборг Шведска. Таа ми овозможи да заминам на Фарските острови, бидејќи за местото мораше да се исполни тој елемент поточно да се има мастер диплома за ракометен тренер на машки и женски екипи.На Фарските острови започнав во помал град и ракометна екипа „Стиф“…

-Потоа другата сезона ме повикаа во главниот град Торшавн кој има 23 илјади жители и тоа е пола од државата. Тука  има повеќе поразвиени клубови. Првата лига играат 7 ракометни клубови, тие имаат и  втора и трета лига. Сите ракометари кои не се спремни да играат во прва лига играат тука 2 лига. Заради повреда, отсуство од игра, не се спремни… Но активни се и можат да се вратат кога се во подобра кондиција. Со мојот  клуб освоивме бронзен медал во Супер лига. Со вториот тим во Супер лига прво место и тоа ни овозможи излез во Европа. Задоволоен сум и би продолжил да работам и живеам на Фарските острови.За Држава  Фарските острови …

Фарските Острови се епска зелена оаза која во основа е мал архипелаг од 18 острови во Атланскиот океан, а земја позната по одгледување овци. На овој мал архипелаг многу острови се меѓусебно поврзани со тунели. Некои од овие тунели поминуваат под море. Долгиот тунел, кој во еден дел е под море, во Торшавн се поврзува со еден аеродром во земјата на островот Вагар. Хеликоптерите пак се користат како средство за јавен превоз за доаѓање до некои острови. Животот на Фарските Острови е спор, со воглавно празни и тивки улици. Тоа важи дури и за Торшавн, каде живее половина население во земјата. На Фарските Острови, чија највисока точка е 950 метри, а времето е претежно ветровито и поголем дел од годината врне дожд и снег, бројот на сончеви денови е мал. Карактеристично е што куќите во Торшавн, чии кровови се прекриени со трева, се едно од местата кои со својот симпатичен изглед ги привлекуваат туристите.Фарските острови се мала скандинавска држава, колонија на Данска. Држава која е осамостоена пред 11 години, но се уште се води како дел и повразна на повеќе начини со Данска. Неколку пратеници од Фарски острови партиципираат во данскиот парламент. Државата брои 52 486 жители од кои половина во главниот град …Имаат свој фарски јазик. Фарски острови се богата држаа која спаѓа во петте најголеми извозници на лосос риба во светот. 70 проценти од извозот оди  во Русија. Излегуваат на Атлансткиот окена и имаат определна купена повтршина од океанот каде ловат риба.Невработеност нема. Тоа е држава која има висок стандард, а образованието е мошне значајно и  е слично на образованието во Финска. Тука  му се дава потполна слобода на изразување и креативност на учениците. На фарски острови сите зборуваат по 3 и повеќе јазици. Најзначајно е што после завршувањето за секоја млада личност се води сметка да се вработи на работно место  за кое се образувал. Се  вработува, има можност да купи стан со отплаќање кое нема ни да го осети. Исто така и автомобил. Заради овие и други  поволности многу млади кои студираат надвор како на пример во Данска се враќаат повторно тука. Имаат висока култура во се, така и во спортот. На спортски план таа е држава во подем. Најпопуларен спорт  фудбал потоа е ракомет, одбојка, кајак, веслање. Спорт кошарка воопшто и нема. Тука  увиидов дека има и поинаков начин и  култура за живеење  и еве веќе сум четврата сезона по ред тука. Заради организираноста  и условите мислам дека е потребно многу малку или за мене на пример беше еден месец за адаптација. Македонци има неколку семејства, за кои јас знам, а кои дошле да работат пред околу 16,17 години. Сега веќе ги имаат повлечено и своите најблиски, семејството.Семејство…

-Моето семејство може да се каже дека сите дале некој придонес во спортот и екипи на Битола, но и на ниво на Македонија. Сопругата Весна Марковска е поранешна скијорка член на Скијачкиот Клуб  Пелистер и скијачката репрезентација на Македонија. Освоени медали, награди. Ќерката Матеја Марковска одбојкарка на Пелистер Волеј поранешна репрезентативка на Македонија до 19 години. Синот Виктор е поранешен голман во младинските категории на ФК Пелистер. Поминувам околу 2-3 месеци во Битола со семејството, околу 9 месеци на Фарски острови. Другиот период тие доаѓаат тука, според  своите обврски бидејќи синот и ќерката студираат.На крај додаде…

-Моето работно време е 8 часа. Има време и за кафе, ако си добро организиаран и има време за се. Учам фарски и до ден денес.  Наутро со кафе си повторувам и слушам изрази кои ми се потребни во комуникацијата и фрази поврзани со спортот. Секако дека носталгија постои. Ми  се јавува  во денови кога нема сонце и е тмурно. Во тие моменти покрај семејството ми недостигаат пријателите, битолски мајтапи, музабети за ракомет, кошарка и кафе на Широк Сокак… Се радувам на успесите на македонскиот ракомет, Еурофарм 1 и 2,  на кошарката и фудбалот. Но сепак професионалниот однос кон мојата работа за овие 4  години на Фарски острови се причината  да  живеам и работам тука. Тоа придонесува да бидам многу респектиран заради посветеност во областа каде допринесувам како спортист, но и како човек со карактерни особини кои на Фарски острови се ценат многу.Борче Марковски е еден од големиот број битолчани кои градат кариера и имаат своја  успешна приказна надвор од Македонија. Но Борче Марковски и неговото семејство дале голем придонес и за спортот во Битола и Македонија воопшто. За неговите успеси ќе пишуваме и понатаму.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ИнтервјуMore posts in Интервју »