Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени три лица за марихуана, двајца битолчани пријавиле каснување од кучиња скитници

На 14.01.2024 околу 03,30 часот во СВР Битола, од страна на полициски службеници приведени се три лица, сите  на возраст од 22 години и сите од Битола, бидејќи при преглед на возило „опел“ во кое биле лицата, пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.01.2024 во 13.00 часот во СВР Битола, Т.Т. (71) од Битола пријавил дека  на ул. „Широк Сокак“ во Битола бил каснат од куче скитник.

На 13.01.2024 во 16.45 часот во СВР Битола, С.Ч. (38) од Битола пријавил дека на ул. „Филип Втори Македонски“ во Битола бил каснат од куче скитник.

 

 

More from ВестиMore posts in Вести »