Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: Јавен повик за поддршка на лица со ретки болести и Конкурс за лична асостенција на лица со попреченост:

ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ
 
Општина Битола објавува Јавен повик за поддршка на лица со ретки болести за патни трошоци до болница надвор од Битола и нивни потреби, односно финансиска поддршка на лица со ретки болести кои што се наоѓаат во незавидна положба за надминување на истата.
Критериумите и условите како и потребните документи кои едно лице треба да ги исполнува и достави за искористување на средства од Програма за социјална заштита на Општина Битола во делот на финансиска поддршка на лица со ретки болести, ќе ги најдете на следниот линк:
 
 
ОБЈАВЕН К О Н К У Р С ЗА ЛИЧНА АСИСТЕНЦИЈА НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
 
Врз основа на решение за верификација на посебна програма УП1 бр. 13-2122 од 29.10.2021 година Црвен крст – Општинска организација Битола распишува: К О Н К У Р С за Лична асистенција на лица со попреченост.
Обуката за Лични асистенти е финасирана од буџетот и програмата на Општина Битола.
Заинтересираните лица кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со државно верификуван сертификат, можат да ги погледнат условите и да ги најдат потребните документи на следниот линк:
More from ВестиMore posts in Вести »