Press "Enter" to skip to content

Јавна покана: работилница за изработка на студии за ГУП-Битола

ДАТУМ:  Вторник, 16.01.2024, 11:00 часот

ЛОКАЦИЈА:  Офицерски дом Битола

Се покануваат сите заинтересирани граѓани, јавни институции, невладини организации и компании во општина Битола на четвртата работилница за изработка на студии за влезна документација за Генерален урбанистички план (ГУП) на град Битола.

ЦЕЛ НА РАБОТИЛНИЦАТА:

Целта на оваа работилница е презентација на првичните верзии на изработените студии од страна на Архитектонски Факултет од Скопје, кои ќе бидат влезна документација во изработката на Генерален урбанистички план (ГУП) на Битола. Преку дирекна дискусија со засегнатите страни од НВО секторот, јавните институции и компаниите целта е да се дефинираат на заклучоци кои ќе се вградат во конечните верзии на студиите од страна на експертите.

ВРЕМЕНСКИ РАСПОРЕД:

-Почеток: Вторник, 16.01.2024, 11:00 часот

-Продолжување: Среда, 17.01.2023, 10:00 – 13:00 часот

ВКЛУЧЕТЕ СЕ И БИДЕТЕ ДЕЛ ОД КРЕИРАЊЕТО НА ИДНИНАТА

Студиите се реализираат во склоп на процесот за донесување на ГУП И ДУП за Општина Битола како дел од проектот БАИР – „Здружена акција на Битола за вклучување на Роми“ финансиран од Европската делегација, имплементиран од италијанската невладина организација-COSV, Општина Битола и ПРЕДА плус Фондација