Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола денес престави ново засилување. Се работи за уште едно американско засилување оваа зима, а тоа е Џонил Фугет, кошаркар кој игра на позицијата плејмејкер и доаѓа од тимот на Спартак Плевен. Фугет во Спартск играше во просек по 22 минути и забележуваше по 13 поени со одличен процент за 3 од 38 проценти.
Фугет е роден 1999 година, потекнува од Денвер Колорадо и игра на позицијата плејмејкер. Во својата колеџ кариера настапуваше две сезони за West Texas A&M, па направи трансфер во UCCS (University of Colorado – Colorado Springs) каде што во својата последна сезона 2022/23 ги одигра сите натпревари како стартер и запишуваше по 15.3 поени, 5 скокови и 3.8 асистенции, а беше и најдобар во тимот по украдени топки, со 35.
По завршувањето на колеџ кариерата, Фугет потпиша за Бугарскиот прволигаш Спартак од Плевен за кој што настапуваше во домашното првенство, и во Европската ENBL лига.
-Oчекуваме заедно со Knight одлично да се надополнуваат на позицијата на која што во првиот дел од сезоната бевме најтенки и немавме вистински плејмејкер, истакнаа од КК Пелистер.