Press "Enter" to skip to content

Градоначалникот Коњановски во посета на Горната Гимназија и Економско

Со поддршка од Општина Битола, во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ се реализираат активности и проекти кои придонесуваат за осовременување и унапредување на условите за учење и работа и се во насока на подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес. Директорката на Гимназијата Лидија Споа и дел од стручниот тим на училиштето, при денешната посета на градоначалникот Тони Коњановски, изразија голема благодарност за соработката со општината и континуираната поддршка, благодарение на што овозможена е реализација на повеќе проекти и активности, а веќе се прават подготовки и за реализација на идните проекти.Во првото полугодие од учебната 2023/2024 година, во Гимназијата реализирани се проекти и изработени се проектни документации во вкупна вредност од околу 885 000 денари. Во реализираните активности во првото полугодие, се вбројуваат и набавка на 12 кутии за мобилни телефони во сите училници, поставени букви на фасадата, над главната влезна врата на Гимназијата, како и набавка на училишен мебел, нови бироа за стручната и административната служба на Гимназијата, набавка на материјали и опрема за кабинетите по хемија и физика, а набавена е ИКТ опрема како и опрема за подобрување на интернет мрежата и друга информатичка и видео опрема. Поставени се венецијанки на прозорците во сите училници (јужна фасада), на 3 спрата и во хемискиот кабинет во вредност од 156 043 денари. Во кабинетот за странски јазици направена е библиотека, како и доуредување во кабинетот историја – географија. Во вредност од 147.605 денари, изработени се и проектни документации, со што училиштето е подготвено за реализација на следните 3 проекти: Проект за промена на внатрешна столарија – врати, плочки на третиот спрат, како и промена на плочки и осовременување на хемискиот кабинет, проект за санација на партерен ѕид, промена на дел од ограда од ковано железо и санација на надворешни скали и Проект за изградба на настрешница во функција на летна училница во делот од дворното место на Гимназијата.Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети Средното општинско економско училиште „Јане Сандански“, каде со директорката Биљана Јанкуловска, разговараше за реализираните активности во изминатите два месеци, како и за подготвките на училиштето пред почетокот на второто полугодие од оваа учебна година. Директорката Биљана Јанкуловска, информираше дека, во изминатите два месеци реализирани се повеќе активности со цел подобра, безбедна, стимулативна и продуктивна работна атмосфера во училиштето, со единствена цел подобрување на воспитно образовниот процес. Во овој контекст, во делот на подобрување на условите во училиштето, извршена е реконструкција на влезните скали, во вредност од 292 159 денари, а набавен е и нов мебел во вредност од 596 332 денари, кој вклучува 64 ученички столчиња, 32 клупи, 8 катедри, 40 шкафчиња за наставници и друг канцелариски мебел. Во насока на успешно и непречено работење, соглано потребите на наставниот кадар и учениците, набавена е и нова ИКТ опрема, во вредност од 214.204 денари.

More from ВестиMore posts in Вести »