Press "Enter" to skip to content

Д-р Сашко Кедев одржа предавање во Битола за искачените 8 светски врвови над 8.000 метри (фотогалерија)

-Кардиологот Сашко Кедев во Битола зборуваше за искачување на осум врвови над 8.000 метри, а последните три ги “освоил“ лани, во 2023 година, Анапурна Непал (8.091), Нанга Парбат Пакистан (8.126) и Чо Оју Тибет (8.201).Вечерва во Офицерски дом во Битола се одржа трибина која ја одржа македонскиот планинар д-р Сашко Кедев, кој ги презентираше своите искуства, размислувања и согледувања и секако спортски достигнувања, при искачувањето на осум светски врвови кои се повисоки од 8.000 метри, од вкупно 14 светски највисоки врвови што се над осум илјади метри надморска височина.Настанот беше во организација на ПСК Пелистер-Битола и КИЦ Битола, а во име на организаторите присутните ги поздрави и се обрати претседателот на ПСК Пелистер, Диме Попов.Д-р Сашко Кедев преку одлично подготвена презентација, со многу фотографии кои најмногу тој ги направил или некој член од неговата експедиција, не само што успеа да го задржи вниманието на присутните два часа, туку им наметна да размислуваат за се што се случува околу нас.Кедев започна со презентација на првиот врв кој го освои, а тоа е Монт Еверест во 2009 година, а нагласи дека при вакви потфати треба да се фокусираме да имаме чиста мотивација во животот.  Монт Еверест го освоил во темница, за што рече:-Ние во животот се соочуваме со темницата на животот, но многу е важно да знаеме дека колку е потемно толку ѕвездите се посјајни. И секогаш надвор од темницата низ кој проаѓаме има светлина од надеж, која што се појавува во раните утрински часови, а тоа почеток на зората, односно нов почеток.Заеднично за сите овие алпинистички потфати е тоа што сите овие врвови се поврзани со движење во зоната на смртта и со соочувања и поминувања низ тој ризик.Кога се симнувал од Еверест во 2009 година Кедев сметал дека тоа е најтешкиот врв, но не било така, следувале и нови тешки сутуации. Следувал врвот на Анапурна и кога успешно се вратил и ја преживеав Анапурна сметал дека ми остануваат полесно врвови. Но, потоа се соочил со Нанга Парбат тоа е планината убиец каде има најмногу загубено човечки животи. Нанга Парбат, рече Кедев, е најтешката планина од сите овие 14 врвови на осум илјади метри.Во измината години Кедев заедно со Ганка Самоилова, се искачувале на Тибет, Ганка до 6.000 метри, а тој продолжил.На Тибер го посетиле и местото каде е споменикот посветен на битолчанецот Диме Илиевски – Мурато кој го има освоено Монт Еверест.-Во 1986 година, а тука го имаме Ѓока, жив сведок од таа генерација пионери, за која има напишано во двевникот на Диме Илевски напишал дека “му избегал врвот“. Јас кога се одлучував на која планина да одам мотивацијата беше да се искачам на оваа планина, која се наоѓа во Непал, мотивација ми беше тоа. Таму ми рекоа дека споменикот на Диме е срушен, но сепак стигнавме таму и го најдов, бидејќи го имав и претходно посетено.Кедев ги пренесе и чуствата како е кога на овие опасни потфати ќе се изгуби човечки живот, на планинар со кој заедно ги поминувале опасностите при искачување или слегување, но и случки кои имале и сречен крај, а тоа е спасување на живот на планинар во кои и самиот учествувал.

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »