Press "Enter" to skip to content

Прволигашко одбојкарско засилување во Пелистер Волеј, Теона Славкова доаѓа во Битолa

Во мини преодниот рок, екипата на Пелистер Волеј од Битола в0 своите редови донесе засилување, а се работи за искусната Теона Славкова, која доаѓа од реддовите  на прволигашот Вардар Жени 2019.

Од Теона Славкова се очекува со своето искуство и богата играчка кариера, да допринеси за поголема стабилност на екипата, како и за зачувување на првото место од есенскиот дел на шампионатот, но и исчекор во купот во кој максималниот дострел на Пелистер Волеј е 1/2 финале во 2019 година.

Теона Славкова е родена на 7.3.2002 година, а досега настапувала во повеќе клубови од Турција и Македонија, а била дел и од кадетската и младинската репрезентација на Македонија.

Официјалното добредојде и нејзино претставување е предвидено за идната недела, со потпишување на договорот со важност до крајот на натпреварувачката сезоната.

More from ВестиMore posts in Вести »