Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведени пет млади битолчани и малолетник за марихуана

На 17.01.2024 во Битола, полициски службеници од криминалистичка полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода пет лица на од кои три на возраст од 20 години и две лица на возраст од 23 години и еден малолетник, сите од Битола.

При претрес во домот на едно од лицата извршен со судска наредба, во кој биле затекнати и други три лица  и малолетникот, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »