Press "Enter" to skip to content

Дејан Манасков го стави потписот на договорот со Еурофарм Пелистер, целите на клубот ги знам, а тоа е “двојка круна“

Дејан Манасков попладнево клубските простории и официјално го стави потписот на договорот со екипата на Еурофарм Пелистер од Битола, а по ставањето на потписот рече:

-По доаѓањето во Битола прво сакам да му се заблагодарам на клубот што по поопсежни преговори кои траеја подолго време да се договориме и чест и задоволство ми е што сум тука. Ова е град кој што навивачите го знаат рак0метот, сум настапувал многу пати и секогаш било забавно. Сум бил од другата страна, сега патот ме донесе да бидам од домашната страна. Ни преостанува да работиме, да се надоградуваме и не очекува возбудива полусезона.Целите на клубот ги знам кои се и затоа дојдов тука. Секогаш во кариерата сум се стремел кон највисоки цели, па така ќе се стремам и тука. Целите се јасни во Битола, да освоиме “дупла круна“. Ќе биде тешко, но тука сме да работиме сите заедно, да се надградиме како екипа и да бидеме најдобри. Ние сме добра екипа, “покриени“ сме со квалитетни играчи на сите позиции, не само по еден туку по неколку. Тоа добро, што има конкуренција во тимот. Останува да се воиграме, некои заминаа, дојдовме нови, ќе се направи добар микс и заедно сите сплотени ги оствариме целите на клубот. Ќе биде тешко до крај на сезоната, заостануваме еден бод зад двата клуба конкуренти на Еурофарм Пелистер, но се надевам дека тоа е го надополниме и на крај да се радуваме, а до тоа ќе дојдеме натпревар по натпревар. Имаме доста време, ќе се приклучат сите репрезентативци.

За лигата на Шампиони Мансков додаде:

-Мило ми е да вратам во Лигата на Шампиони по паузата, а во ЛШ настапувам 11 години по ред, освен лани. Четирите натпревари се добредојдени, каде ќе пробаме да се покажеме со најдобро светло, ќе пробаме да откинеме некој бод некому. Се надевам дека тие натпревари ќе ги искористиме да се подготвиме за она што не очекува, македонското првенство и купот. 

Манасков во тимот на Еурофарм Пелистер ќе го носи дресот со број 11.

More from ВестиMore posts in Вести »