Press "Enter" to skip to content

Евгениј Ристевски од Битола од snowboard klub Пелистер трет на Копаоник во “big air snowboard“ и први FIS бодови

Младиот битолчанец, Евгениј Ристевски, која има само 14 години и е член на snowboard klub Пелистер од Битола постигна одличен резултат на интернационалниот натпревар во “big air snowboard“ кој се одржува на планината Копаоник, Србија.

Евгениј Ристевски освои трето место во “big air snowboard“ и со тоа ги освои и првите FIS бодови. Истовремено овој резултат му донесе и второ место на државното првенство на Србија.

Од snowboard klub Пелистер истакнаа дека на Евгениј Ристевски ова му е негов прв настап во оваа дисциплина, а се натпреварива во тимот на македонската национална селекција под водство на битолскиот тренер Марија Петковска.

Денес Ристевски продолжи со натпреварите, а ќе настапи во дисциплината “slope style“.

More from ВестиMore posts in Вести »