Press "Enter" to skip to content

На последниот ден од распустот зимско уживање во ски-центарот “Стрежево“ – Битола кај Нижеполе (фотогалерија)

-Снегот кој конечно заврна на последниот ден од зимскиот распуст, ги израдува вљубениците на зимските спортови и лудории. Денес на ски-патеката Ниже поле со кој стопанисува ЈП “Стрежево“ од Битола голем број скијачи, бордери… и покрај ладното време уживаа во снегот, исто така и голем број деца со родители и оние кои ја сакаат планината го искористија крајот од зимсиот распуст на чист воздух, во туристичкиот центар Ниже поле, а освен од Битола ги имаше од околните градови.Снегот со нетрпение го очекуваа сите, особено за време на празниците и зимскиот распуст… и конечно заврна. Во двата последни денови од  распустот ги израдува децата и вљубениците на зимски спортови. Затоа и покрај минусни температури и ладното време голем број на возила од Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар… се упатија кон Ниже Поле. Различни возрасти дојдоа на ски-патеката “Ниже Поле“ за да уживаат во снегот и радостите кои ги нуди. Стазата беше подготвена во последниот момент што се вели, но ги дочека сите оние кои скијаат, бордаат, санкаат…На ски-лифтот и стазата голем број скијачи, бордери, кои иако подолго чекаа во ред за искачување, посебно уживаа бидејќи и не се надеваа дека снегот кој падна овие претходни два дена ќе биде доволен за скијање.-Ски-патеката не е онака како посакуваме за скијање, бидејќи се уште снегот е мек, но сепак тоа не е ништо за тоа што еве фативме ден за скијање и со друштво сме дојдени тука на топол чај и дружење. Но ми е мака што завршува зимскиот распуст  и веќе од утре ни почнуваат училишните обврски ни кажа Анѓела ученичка која пиеше топол чај после бордањето, во чајџилницата.

А во чајџилницата  гужва, но сите трпеливо чекаа  чај, кафе, крофна, тост… Се бараше место повеќе за да се затоплат од ладното време, особено оние кои уживаа во снегот.Зимско летниот туристичкиот центар и ски-патеката “Ниже поле“ се наоѓа на 15 километри од Битола, со истиот стопанисува ЈП “Стрежево“ и сите вработени на стазата, ски лифтот и чајџилницата беа подготвени. Поразговаравме со дел од тимот задолжени за подготовките на ски центарот. Горан Марковски раководител за ски-центарот “Ниже поле“ изјави:-Тука сме сите ние од ЈП “Стрежево“ на оатеката “Ниже Поле“ и тоа на стазата, ратрак, ски лифтот, чајџилницата… за да ги опслужиме сите оние кои се дојдени да си поминат убаво тука. Сме имале и подобри сезони со снег и тоа и до 75 денови, тоа беше претходна зимска сазони  во 2022 година. Минатата сезона беше послаба. Оваа година заврна во декември  околу 60 сантиметри снег и две недели имаше добри денови за зимски спортови. Но, топлото време си го направи своето, се стопи  и за време на Новогодипните и Божиќни празници или  цел зимски распуст немаше снег. Еве последните ден два, заврна, но само 30 до 35 сантиметри. Но, ќе кажам дека снегот не е квалитетен, затоа што е сув, но се надевам дека времето ќе си го направи своето и ќе биде подобро. Се надеваме на добра сезона, бидејќи вообичаено и снегот паѓал и во февруари и сме имале сезона до месец март. Но, ќе видиме, ние посакуваме… Тоа ќе биде на радост на сите вљубенци на зимските спортово кои доаѓаат тука “Ниже Поле“.Прекрасната глетка на убавините на природата, снежни планински пејсажи свежиот воздух придонесоа барем за миг, да се заборават секојдневните проблеми, лоши вести и слики за војна, болести, економска криза. Добра атмосфера и расположение, а зависно од возраст секој на свој начин уживаше во убавините на планината.Ден кој и покрај многу ладно време беше ден за опуштање, пред почетокот на второ полугодие на школската година и работните обврски кои започнуваат за сите.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »