Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Нискоградба“ Битола: екипите се 36 часа непрекинато на терен, се расчистуваат врнежите од снег

ЈКП “Нискоградба“ Битола соопши дека во изминативе 36 часа непрекинато работеше за расчистување на врнежите од снег низ битолските улици при што се потрошени 50 тони сол и 55 метри кубни ризла.

-Посветено и одговорно ќе ја следиме состојбата со ниските температури и соодветно ќе реагираме со цел нашите сограѓани да можат непречено да ги извршуваат своите обврски и потреби! Продолжуваме со активности на зимската служба и во руралните средини на општина Битола.