Press "Enter" to skip to content

Библиотеката го распиша конкурсот за наградата “Роднокраен автор за 2023 година“

Националната установа-Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола го распиша конкурс за доделување на наградата “Роднокраен автор за 2023 година“, која е во рамките на проектот „Роднокрајни средби на битолските писатели од Р.С. Македонија“.

Критериуми за доделување на наградата:

1. Роднокрајниот автор треба да има издадено книга во периодот од 1 јануари до 31 декември 2023 ( прилог- биографија)

2. Добитник на награди (прилог – листа на освоени награди)

3. Други придонеси во книжевноста (прилог – Листа на други ангажмани: членства во жири-комисии, уредништво, преводи, членство во редакции на списанија, учество на манифестации и сл.)

Заинтересираните писатели потребните документи треба да ги испраќаат на електронската пошта nuub.bitola@gmail.com.

Конкурсот трае до 31 јанаури 2024 година.

Наградата “Раднокраен автор за 2023“ ќе биде доделена на 25 март 2024 за роденденот на Библиотеката.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »