Кире Циревски
Бадник е денот предвестител за Божиќ. Празник пред празникот. Очекување на Христовото раѓање. Бадник и Божик се празници христијаните кои се придржуваат на Јулијанскиот календар, а тоа се припадниците на МПЦ-ОА, Српската, Руската, Грузиската, Вселенската, Ерусалимската, Антиохиската и Александриската патријашија.Во црквата “Св. Петка“ оваа година беше организирана литија со пештерата кои младите деца ја носеа околу црквата. На сите деца кои беа присутни парохискиот свештеник им подари пакечиња. Како и секоја година така и оваа година беше организирана бадникова трпеза за верниците.Божиќ спаѓа меѓу најголемите христијански празници, зашто на тој ден се празнува раѓањето на Спасителот Исус Христос. Колку овој ден е важен за човештвото се гледа и по тоа што тој е земен за клучен датум, односно камен – темелник, за пресметување на времето, па така имаме стара и нова ера што значи време пред и по раѓањето на Исус Христос.Празникот Водици (Богојавление) народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството.Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина.Празникот Богојавление се однесува на настанот на Христовото крштевање во реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител, кој со своето учење одел пред Исус, што значи му претходел на Исус и затоа е наречен Претеча. Св. Јован го повикувал народот на покајание и му кажувал дека е дојдено времето кога ќе се појави Спасителот на Светот. Притоа луѓето ги крштевал со вода и им кажувал дека тој што ќе дојде по него ќе ги крсти со Свет Дух. „Јас ве крштевам со вода; но иде посилен од мене, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ни ременчињата на обувките Негови. Он ќе ве крстеи со Дух Свети и со оган.“ (Лука, 3/16).На Богојавление главен настан е фрлањето на крстот во водата. Во Македонската Православна црква “Св. Петка“ во Родејл, која е дел од Австралиско- сиднејската епархија на МПЦ – ОА, возглавена од Митрополитот Тимотеј, беше отслужена светата литургија од парохискиот свештеник Владо Недески и отец Александар Ивановски.Беше осветена водата и одржана лицитација односно јавно надавање на иконите, кои верниците ги откупуваат и после шесте недели повторно ги враќаат во црквата. Се верува дека по овој обред водата станува осветена, а со тоа и лековита, поради што сите присутни полнат од оваа вода и ја чуваат во текот на целата година во своите домови.Потоа присутните верници се упатија во месноста Куеемагх каде свештеникот Владо Недески ја отпеа молитвата и го фрли крстот во океанските води. Оваа година крстот се фрлаше еден за помалите деца до 12 години, а друг крст за повоздрасните во длабоките океански води. По крстот скокнаа многумина, но најстреќен меѓу младите беше Даниел Комиџиоски , а од повозрасните меѓу кои имаше и две девојки најстреќен беше Дејан Милев кој го извади крстот од океанските води.Двајцата Даниел и Дејан беа удостоени со подароци во име на управата на МПЦ “Св. Петка“ со златен крст – ланец и по една икона, кои му ги врачи отец Владо Недески актуелниот парох на црквата.