Press "Enter" to skip to content

Битола утрово на -16 празна, само ретки минувачи по улиците (фотогалерија)

Во Битола се измерени -16 степени и со оваа температура нашиот град заедно со Берово се најстудените градови во Македонија.Тешко е да се функционира на вака студено време, кога мразот “крцка“ под нозете, кога Драгорот “испарува“, кога тешко е да се дише на студот…За тоа дека беше екстремно ладно доказ беа и денешните празни улици низ Битола, каде и да немаше луѓе, а можеа да се забележат само ретки битолчани кои со брзаа да стигнат на работните места.Како ни рекоа низ разговор додека фот0графиравме некои тргнале пешки бидејќи блиску им е работата, некои дека тешко се наоѓа такси возило, а нивните возила имале проблеми со старувањет0 на моторите поради студеното време.Низ фотографии ви ги прикажуваме празните улици низ Битола, некаде околу 8 часот, кога температурата се зголеми и беше -14 степени, само два степени повеќе од мининалната -16.Утрово  празно беше по Широк Сокак, низ шеталиште, по “Партизанска“ и “Солунска, кај Стара болница, кај Музејот, покрај Драгор, на “Магнолија“, кај “Бела Чешма“…

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »