Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: јавен оглас за ангажирање на максимум 6 тутори за поддршка на ученици Роми

Општина Битола објавува јавен оглас за ангажирање на тутори за поддршка на ученици Роми од 3то, 4то и 5то одделение во основно образование во Општина Битола. Оваа активност се имплентира како продолжување на дел од акцијата „Пост КОВИД 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни„ финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“.
Краток опис на акцијата:
-Оваа акција има за цел да го унапреди квалитетот на образование за децата Роми во основно образование кои беа дел од наставата во далечина за време на пандемијата и се соочија со разни предизвици од кои произлегоа значителни последици во однос на намалување на квалитетот на образование за учениците Роми.

Повеќе информации за огласот се достапни на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-oglas-tutori/

More from ВестиMore posts in Вести »