Press "Enter" to skip to content

Превентивни активности на СВР Битола за почитување на законски прописи во сообраќајот и заштита од имотни деликти

Во текот на вчерашниот ден беа реализирани превентивни активности во рамки на Секторот  за внатрешни работи Битола, при што акцентот на реализираните превентивни содржини беше сообраќајната безбедност.

На подрачјето пак на СВР Битола односно во Битола на возачите им беше укажувано за потребата од доследно почитување на законските прописи од областа на сообраќајот, пред се околу користење на зимска опрема, заштитните појаси, прилагодување на брзината на движење спрема условите на патот и секако околу опасностите од возење под дејство на алкохол. Во текот на сите овие активности на возачите им беа делени соодветни едукативни печатени материјали изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Инаку вчера, во Битола полициски службеници од СВР Битола реализираа средби со граѓаните во централното градско подрачје како и со бизнис заедницата каде што на граѓаните и сопствениците на колонијални продавници, бутици, трафики им беа поделени совети и препораки за заштита од имотни деликти.

More from ВестиMore posts in Вести »