Press "Enter" to skip to content

АД ЕСМ и Синдикатот на АД ЕСМ ја продолжија важноста на колективниот договор и ги утврдија бенефициите

Првите луѓе на АД ЕСМ заедно со генералниот директор Васко Стефанов и претседателот на Синдикатот на АД ЕСМ, Јове Смилевски, потпишаа Спогодба за продолжување на важноста на колективниот договор што беше потпишан во aвгуст 2023 година.

Вработените во АД ЕСМ со нивната посветеност и максимални напори се најважната алка во синџирот на производство на електричната енергија и претставуваат клучен столб во енергетиката и неразделен дел од нашиот национален енергетски систем, па дури и во економијата на нашата држава.

Она што го прави секој вработен во АД ЕСМ заслужува неизмерна почит и највисока пофалба и токму затоа Управниот одбор на АД ЕСМ и Синдикатот на АД ЕСМ оваа спогодба ја потпишуваат во знак на благодарност и макотрпната работа и посветеност во исклучително предизвикувачки моменти за цела држава.

Пред да се потпише Спогодбата, Управниот одбор на компанијата и Синдикатот на АД ЕСМ заедно ги утврдија бенефициите што ги носи овој колективен договор и со оваа Спогодба се става уште еден печат со што се потврдува успешноста на секој вработен во компанијата.

More from ВестиMore posts in Вести »