Press "Enter" to skip to content

Библиотеката и Организацијата на жени објавија конкурс за краток расказ по повод 8. март

По повод Осми март – Меѓународниот ден на жената, Организација на жени на Општина Битола – Битола и НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола распишуваат традиционален литературен конкурс за краток расказ.

Право на учество имаат сите автори кои пишуваат на македонски јазик.

Пропозиции

-Тема – ,,И цвеќе и шлаканица”

-Расказот (во 3 примероци) да е најмногу 3 страници А 4 формат. Се потпишува под шифра и се става во поголем плик.

-Во помал плик се пишува решението на шифрата со име и презиме на авторот, адреса и телефонски број. Малиот плик се става во големиот плик.

-Расказите да се во Word, Times New Roman, фонт 12 и кирилично писмо.

-Конкурсот е отворен од 25 Јануари 2024 год. до 25 Февруари 2024 год.

Доколку ученици испраќаат раскази ги замолуваме да напишат “ученик“ во решението на шифрата.

Се испраќа на следната адреса: Светлана Папачек, Климент Охридски бр.1, 7000 Битола

Расказите ќе ги оценува реномирана жири комисија. Ќе бидат доделени 3 симболични награди.

За датумот на доделување на наградите ќе има дополнително известување

More from ВестиMore posts in Вести »