Press "Enter" to skip to content

Утре премиера на “Вујко Вања“ од Чехов, прва премиерна претстава на Народниот театар Битола годинава (фотогалерија)

Денес на прес конференција во малата сала на Центарот за култура Битола беше најавена првата премиера на претставата “Вујко Вања“ во оваа година која ќе се одигра утревечер на големата сцена „Благоја Стефановски-Баге“. Ансамблот на НУ Народен театар Битола е подготвен за „Вујко Вања“, по дело на Антон Павлович Чехов која по голема пауза повторно се поставува на сцената на битолскиот театар.Директор на НУ Народен театар-Битола рече дека оваа претстава се игра затоа што има актуелност иако текстот е напишан во 1897 година.– Премиерата е една навидум банална приказна, но отвора некои длабоки човечки емоции, отвора длабоки прашања кои треба да се видат како нив ги презентираат нашите актери. Антон Чехов се уште ја има таа современот и актуелност и ден-денес иако овој текст е  напишан во 1897 година, и затоа посебно ми е задоволството што утре ќе ја имаме премиера на преставата по ова дело.  За жал и денес ништо не сме научиле од пиесите на Чехов, и како што не учиме многу и од делата на сите големи автори кои што денес се вонвременски. На премиерата сите ќе бидете изненадени од тоа што таа отвора длабоки чувства, човечки емоции и отвора прашања кои што на еден филигрански начин, високоуметнички и естетски ги опфаќа режисерката Софија Ристевска Петрушева, заедно со ансамблот на НТБ.Софија Ристевска Петрушева за претставата рече:-Прв пат го поставувам Чехов во мојата професионална кариера низ театрите во нашата држава и во НТБ. Долго време како млад човек и режисер не го разбирав Чехов, и неговите проблеми, но која наполнив четириесет години и некоја јас многу длабоко ги разбирам проблемите. Го избрав “Вујко Вања“ од неколку причини. Прво сакав да соработувам со Петар Горко затоа што тој е долго време на сцена, а мене многу јасно ми беше дека тој ќе биде актерот на носечката улога. Потоа “Вујко Вања“ има доволно моќни ликови кои можам да ги “соберам“ тука во НТБ. Оваа актерска екипа ја  одбирав јас лично без никакви стеги од управата на театарот. Преставата зборува за стареењето, за тоа како се чувствува еден човек кога е веќе во години кога почнува да го преиспитува сопствениот живот, кога се прашуваме дали правилно го живеевме нашиот живот. Тоа е претстава за загубени љубови, за загубените надежи, претстава за губењето на домот. Ние сме сведоци дека често губиме како во политички така и во општествен и социјален аспект. Иако ова е претстава за губењето, таа е претстава и за надежта, затоа што продолжуваме да живееме.Во претставата главната  улога на вујко Вања ја има Петар Горко, кој на прес конференцијата рече:-Како млади актери, како студенти кога ги читавме рољите овие ликови, конкретно вујко Вања не ни беа интересни, а ги гледавме помладите ликови. Летово ја добив поканата од Софија и ќе кажам дека сум многу среќен што ќе ја играм и дека сум со моите колеги во оваа премиера. Годинава славам јубилеј, 35 години од првата професионална претстава. Ја започнав работата на претставата со една реплика од вујко Вања, дека со ноќи не спијам од јадови и литуна што така го потрошив животот, а можев да го имам сето она сега не ми го дозволува мојата старост. Тоа е брилијантна филозофија на Чехов и оттаму почнав да ги согледувам нештата, дека кои што останале сами дома под трагични околности, неубави околности за да заштитат родители, внуци, како што се случува со славниот вујко Вања, тоа е еден изгубен живот. Еден дојденец, зет за сестра, успева, буквално, да му го украде целиот негов живот и плус тоа му ги зема парите, а потоа му го зема и домот. Во претставата преставувам една трагична личност и тоа ќе донесам на сцена на најдобар начин, бидејќи многу работевме, а режисерката ми даде голем простор тоа да го сработам, за што и благодарам, како и на моите колеги за прекрасната соработка.Јулијана Мирчевска која ја игра улогата на Јелена Андреевна рече:-Смешно е да зборувам колку е голем Чехов, но не смеам и да не го споменам. Затоа со извлекување на реплики од  самиот текст од самата претстава би можела да кажеме се она што имаме да кажеме на сцената. Чехов, не да е модерен и денес кога најголемиот дел на луѓето живееме во илузии секојдневно. Тргнувајќи од општеството кое ни создава голема илузија дека тревата е позелена, таму некаде, до изулијата дека барајќи нешто друго, бркајќи се со времето кое не поминува и одминува крај нас ги губиме востинските вредности. Навидум ништо не се случува во претставата, нема некакви дејства, но има еден таков емоцијален вриеж кој просто не те остава да живееш, од моментот кога за прв пат го прочитавме текстот па се до денес. Едноставно мислите ми се само во ликовите и репликите кои што повеќе ги слушам толку повеќе имаат значење. Ќе кажам само дека кога животот ќе ни остане без љубов, тогаш остануваат емоциите. Оваа претстава нека биде таа која ќе се потсети да го исполниме животот со љубов, со емоции, и да го живеее квалитетно. На младите генерации ќе им го приближеме колку е важно да си емотивно исполнет, да го зграбиш животот и да го живееш животот ти како сакаш, а можеби двајца-тројца ќе постапат така.Никола Пројчевски кој го игра ликот на Астров, Михаил Љвович, лекарот, рече:-Во драмите на Чехов без разлика на времето во кое пишувал луѓето копнеат, тежнеат и имаат потрева од општеството во кои живеат да заминат во големата Москва, да се истребат од местото каде се наоѓаат. Тие секојдневно имаат порив да заминат во Москва, крикаат мажите и жените да заминат во некоја голема замислена Москва. Ние денес со нашето општество крикаме за голема Европа, Америка, некаде да заминеме, само да не бидеме во депониите каде се наоѓаме. Така крикаат и ликовите во преставата “Вујко Вања“. Јас овој текст го доживувам вака. Луѓето кои живеат во драмите на Чехов се луѓето кои остануваат, не оние што го напуштиле бродот кој што тоне, куќата што гори и се иселуваат и најчесто викаат дека направиле успех си заминавме во странство и си го тераме животот. Но, што е со оние кои остануваат од икс причини. Е, овие ликови од драмата останале, а тие ликови сме ние, вие, нашите сограѓани кои што немаат што да прават освен да си величат своите позиции, своите работни места, и мораат да говорат колку се потребни, колку се значајни оти во депониите во кои што живееме само тоа ни останува. Тие немаат што друго да прават освен да се расфрлаат со своите емоции, да плачат, да пиштат, да коленичат, се наоѓаат во каша, во вода, во кал во која се наоѓаат и ношто не се случува, а во еден момент, како и еден лик во претставата, ќе си го скратат животот. Но има едно нешто, што јас го говорам, а тоа е: знам дека по 100 години, по 200, луѓето ќе се презираат од калта во која сите секојдневно умираме, дека живееме во калта, кашата… Но, мора да ни остани надежта, а драмите на Чехов се надежта за подобро утре и ништо повеќе не треба да се гледа.Билјана Крајчевска, драматург во преставата додаде:-Оваа претстава не е случаен проект, туку континуирана работа на која и претходеше соработка со Софија на еден наш приватен проект до домот за стари лица. Јас живеам со стара баба на 93 години секој се “бориме“ со нејзините размисли за крајот на животот и и многу важно размислу вањето дека после нема ништо да  има. И навистина нема ништо да има бидејќи ова што се случува, бидејчи она што Чехов ни го дава како подлога за овоземниот живот, животот кој што одлично е раскажан преку ликот на Марија, од почетокот до крајот каде се е совршено, останува нешто што човекот треба да го живее и му останува.Валентин Дамчевски го игра Телегин, Иља Илич, пропаднат спахија, а за претставата и неговата улога рече:-Сакам да се заблагодарам на сите кои ми ја дадоа довербата да бидам дел од оваа претстава. Сите колеги детално ја обработија тематиката на оваа пиеса, а јас би сакал да се осврнам на начинот на работа. Сметам дека оваа претстава е толку филигрански работена и толку детално што мислам дека сите прашања што ние ги имавме се одговорени. Ликот кој го играм е постар со години од мене, но начинот на кој работи Софија феноменално ги има решено за неа мали проблематики во однос на таквите разлика. Целата екипа на оваа престава, на еден млад актер како мене, не само што му подадоа рака туку и вистински ме извлекоа да да можам да бидам на една, барем приближна линија до сите останати.

Александар Талевски е автор на музиката, има соработувано со НТБ, а на пресот рече:-Благодарам до цела екипа и до режисерката за можноста. Музиката е градена на емоциите на ликовите и завршува со едно финале кои се надевам на сите присутни ќе им остави во сеќавање.

Пред премиерата за средношколците ќе се одигра вечерва, утре е премиерата, а сабота ќе има реприза на претставата “Вујко Вања“.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »