Press "Enter" to skip to content

Болница “Плодност“ најдобри во ендоскопксите операции, бројките уште еднаш тоа го потврдија, во 2023 изведени се 1.056 операции

Постојаниот пораст на оперативните зафати во болница “Плодност“ се должи на фактот дека применуваме најсовремени светски технологии во работењето, а оперативните зафати ги изведуваат врвни гинеколози, обучувани во најдобрите светски центри.Ваквите заложби резултираат и со зголемен број на ендоскопски операции, за што говорат и показателите низ бројки:-Во 2022 година, направени се вкупно 982 оперативни зафати. Од нив 502 се гинеколошки операции (тумори, цисти итн.), а 397 се направени по ендоскопски пат, што е 80% од операциите. Останатите 480 оперативни зафати се царски рез.-Пораст за речиси 10% на оперативните зафати имаме во 2023 година, односно изведени се 1056 операции. Од нив, 556 се гинеколошки, од кои пак 457 се ендоскопски (лапароскопија, хистероскопија итн.), односно над 80%. Преостанатите 500 оперативни зафати се царски рез. Напоменуваме дека во ендоскопските операции, во изминатите две години, направени се многу ретки и тешки оперативни зафати, кои не се изведуваат во нашата држава, но и пошироко во регионот.-И низ бројки, уште еднаш, ги покажуваме нашите успеси, а Вам Ви благодариме што ни ја давате довербата, да се грижиме за Вашето здравје, порачуваат од болницата “Плодност“.