Press "Enter" to skip to content

Пелистер во Битола прво се врати од -15, но загуби во продолжение од Еуро Никел (фотогалерија)

Пелистер – Еуро Никел 81:83 (72:72)

По победата над МЗТ во изминато коло кошаркарите на Пелистер во Битола не успеја да ја победат екипата на Еуро Никел и да ја капитализираат таа победа. “Пелистерци“  не успеаја да ја прекинат серијата на кавадарчани и во 15. коло се поразени со минимални 81:83. Кај Пелистер го немаше Маслинко, а Стојановски по повредата се врати во тимот но со мала минутажа.

Гостите имаа предност цел натпревар, “пелистерци“ се вратија од „минус 15“ и се изборија за продолжение, но на крајот Еуро Никел беше тимот што се радуваше, по поените на Врањеш по една сомнителна судиска одлука.

Еуро Никел беше подобар ривал во првото полувреме и го контролираше резултатот.  Пелистер имеше добра одбрана, но и многу лоша реализација посебно за три поени, само една реализација од 14 обиди. На одмор се замина со водство од +2 на гостинскиот состав од 33:35.

И во продолжението Еуро Никел предводен од Американецот Смит Мекоувен, кој погоди три тројки од исто толку обиди дојде до +15. Пелистер покажа карактер, се врати и благодарение на Мијовиќ и Магдевски и нивните поени во последната минута се избори за продолжение.Во новите 5 минути беше израмнето, но победата ја реши судиската одлука на десетина секунди до крајот по фаул во напад што судиите не го санкционираа, за две секунди подоцна да досудат оправдано фаул и кош за гостите. Пелистер имаше и последен напад за триумф, но ударот за тројка на Костоски беше непрецизен.Кај Пелистер најфикасен беше Планиниќ со 25 поени и 10 скокови и Мијовиќ со 18 постигнати поени.

More from ВестиMore posts in Вести »