Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички ја нападнал поранешната невенчана сопруга, тешко повреден малолетник на “Булевар“ со товарно возило

На 25.01.2024 во 23.50 часот во битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 27 годишник од Битола затоа што физички и со дрвен предмет ја нападнал неговата поранешна невенчана 22 годишна сопруга. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.01.2024 во 18.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на бул. „1 Мај“, товарно моторно возило “опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 37 годишно лице, удрило во малолетник, двајцата од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »