Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: излетал од патот кај Стара Болница – повредена сопатничка, 12 возачи под дејство на алкохол

Денеска (28.01.2024) во 05.50 часот било пријавено дека во Битола на крстосницата од ул. “Климент Охридски“ и ул. “Солунска“ патничко моторно возило “пежо“ со битолски регистарски ознаки управувано од 24 годишник од Битола излетало од коловозот. Во несреќата сопатниката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Во текот на изминатата вечер (27/28.01.2024)во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 17 возачи од кои (12 во Битола, 4 во Прилеп, еден Ресен), а откриени биле и 9 останати прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. 

More from ВестиMore posts in Вести »