Press "Enter" to skip to content

Фото вест: уште еден вандализам врз урбаната опрема, искршени металните жардинери кај Центарот за култура

Тешко е да помине барем една седница, а во Битола да не е регисруран некој вандализам врз урбана опрема, сообраќајни знаци, патокази, приватна сопственост. Таков нов вандализам се случи најверијатно во текот на ноќна, кога за сега непознат сторител или сторители ги искршија металните кружни жардинери посравени по крајот на паркот пред Центарот за култура во Битола, од страната на улицата кај службениот влез.-Нема крај на лошотилако и простотилакот во Битола, не знам на кого му пречеа овие метални саксии коо го украсуваа паркот, кој е редовно среден и убав. Овде во центарот на градот, сигурно има камери и се се снимени. Останува да се прокажат да го видиме оние кои ова го направија, и секако да се казнат, ако се малолетници нивните родители, коментираа сите кои поминаа тука и го забележаа вандализмот.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »